Градежниците изѕидаа раст од 3 отсто

Bez autora
Jun 16 2013

Македонската економија порасна за 2,9 отсто во првото тримесечје од годинава. Високата стапка на раст е резултат кој позитивно ги изненади и најголемите оптимисти во државава, со оглед дека регионот и Европа се задушуваат во рецесија. Статистика објави дека двигател на македонската економија и на растот на БДП е секторот градежништво, кој пораснал за неверојатни 36,8 отсто во споредба со истиот период лани, а раст е забележан и во другите сектори. Експертите очекуваат позитивна година за македoнската економија, која сега како светла точка во регионот може да очекува засилен интерес од страна на странските инвеститори. Оваа стапка е очекувана ако се има предвид остварувањето на индустриското производство во вториот и во третиот месец од годината.

Градежниците изѕидаа раст од 3 отстоМакедонската економија порасна за 2,9 отсто во првото тримесечје од годинава, соопшти вчера Државниот завод за статистика.

Високата стапка на раст е резултат кој позитивно ги изненади и најголемите оптимисти во државава, со оглед дека регионот и Европа се задушуваат во рецесија. Статистика објави дека двигател на македонската економија и на растот на БДП е секторот градежништво, кој пораснал за неверојатни 36,8 отсто во споредба со истиот период лани, а раст е забележан и во другите сектори.

Експертите очекуваат позитивна година за македoнската економија, која сега како светла точка во регионот може да очекува засилен интерес од страна на странските инвеститори.

- Оваа стапка е очекувана ако се има предвид остварувањето на индустриското производство во вториот и во третиот месец од годината. Сепак, стапката е над почетните очекувања и создава оптимизам за втор квартал, особено ако се имаат предвид податоците за остварените резултати во индустриското производство и во градежништвото. Во следниот период позитивно влијание ќе има и туризмот. С` на с`, може да се очекува дека првото полугодие од годинава ќе биде завршено со позитивна големина на БДП, која во кумулативна вредност би се движела меѓу 5 и 5,3 отсто - вели универзитетскиот професор Томе Неновски.

Според него, со оглед на лошите најави за случувањата во ЕУ, постои определен ризик и за македонската економија. Особено од евентуално намалување на тамошната побарувачка, на што треба да се внимава поради големата зависност на македонската економија од надворешнотрговската размена со земјите од ЕУ.

За професорот Зоран Ивановски, ова е охрабрувачки резултат, кој покажува дека македонската економија полека се враќа во кондиција.

- Ако продолжи ваквиот тренд, може да очекуваме раст од околу 2 отсто до крајот на годината, што би можело да се оцени како одличен резултат. Растот се должи на исклучително високите инвестиции во градежништвото, со што се покажува и неговиот пропулзивен карактер за националната економија. За мене, растот е очекуван со оглед на импресивните инвестиции направени во изминатиот период. Сметам дека владината политика покажа резултат и би препорачал да се продолжи со инвестирање во инфраструктурните капитални објекти за уште повисока стапка на раст во 2014 година - вели Ивановски.

Тој предупредува дека заканите за Македонија остануваат бидејќи земјите од Унијата излегуваат од кризата потешко од очекуваното.

Бизнис-заедницата коментира дека овој неочекувано висок раст на македонската економија го враќа оптимизмот кај компаниите и покрај раст нa корпоративното кредитирање, очекуваат да се зголемат и домашните инвестиции.

- Се гледа дека економијата во реалниот сектор закрепнала и тргнала напред. Сево ова ќе доведе до нови домашни инвестиции. Потребен е пораст, особено корпоративното кредитирање. Но и кредитите за граѓанството ќе ја поттикнат домашната потрошувачка што позитивно ќе се одрази врз економијата - вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik